По 15 дена тотален хаос, Италија денес може да здивне

0
74

Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо во изјава за „Би-Би-Си“ истакнал дека тоа покажува дека мерките наметнати во првото подрачје на ширење на вирусот биле ефективнии изразил надеж дека Италија ќе биде првата европска земја која се изборила со оваа вонредна ситуација.

Според неговите збороци, тие мерки послужиле како модел за останатите земји. „Италија е првата земја во Европа која е така силно погодена, но се надевам дека ќе бидеме првата земја која се изборила со оваа епидемија“, рекол Ди Мајо.

Тој рекол дека поголем број од граѓаните ги почитуваат владините мерки за сузбивање на коронавирусот а дека тие кои ќе ги кршат ќе бидат соочени со санкции: парична казна или кривична пријава.

Во Италија движењето е ограничено на итни медицински или професионални потреби. Затворени се сите продавници, освен аптеките и оние кои продаваат храна.