Премиерот на Италија соопшти: Нема фудбал додека трае кризата со коронавирусот

0
75

Премиерот на Италија, Џузепе Конте вечерва соопшти дека ќе биде суспендирани сите спортски настани, помеѓу кои и Серија А, се додека трае кризата со коронавирусот.

Попладнево, Олимпискиот комитет на Италија реши сите спортови да бидат суспендирани до 3. април поради епидемијата од коронавирусот. За одлуката да стапи на сила, Владата треба да донесе нов декрет.

Премиерот на Италија, Џузепе Конте вечерва се појави на прес конференција и потврди дека ќе даде зелено светло за прекинување на сите спортови, вклучувајќи ја и Серија А.

„Повеќе нема смисла спротските настани да продолжат да се одржуваат, тука пред се зборувам за фудбалското првенство. Серија А, и сите други спортови се суспендирани. Нема да дозволам да се користат ниту теретаните. Утре ќе го потпишам новиот декрет“ – порача Џузепе Конте, кој најави дека цела Италија од утре ќе биде во црвена зона, па дури и тој ќе остане дома.