Прес-конференциите во Владата од денеска само онлајн

0
65

Bладината прес-служба соопшти дека од денеска сите прес-конференции што се одржуваа во Медија-центарот во Владата ќе бидат само онлајн, односно преку стрим, без присуство на новинари и сниматели.

Оваа одлука е во контекст на мерките за заштита од ширење на коронавирусот.

Тоа не значи дека нема да има можност за новинарски прашања бидејќи тие ќе се испраќаат на мејл на портпаролот/лицето за односи со јавност на ресорното министерство, најдоцна 15 минути пред почетокот на закажаната прес-конференција, каде што ќе стои медиумот од кој доаѓа прашањето и назнака за која прес-конференција, односно за кој министер/министерка (претставник на институција) се однесуваат.