Претседателот на Уставниот суд ќе се сретне со амбасадорот на Украина

0
93

Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, денеска ќе оствари средба со амбасадорката на Украина во земјава, Наталија Задорожњук.

Од назначувањето за претседател на Уставниот суд, Мурати досега се сретна со американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз, со евроамбасадорот Самуел Жбогар, како и со амбасадорите на Франција, Германија, Турција, Унгарија, Руската Федерација и на Холандија, Кристијан Тимоние, Томас Герберих, Хасан Мехмет Секизќок, Ласло Иштван Дукс, Сергеј Баздникин и Дирк Јан Коп.