Претседателот Трамп вети „значителни олеснувања“ за бизнисите поради коронавирусот

0
91

„Економијата ќе биде во добра состојба по една година од денес“, предвиде Мнучин, одговарајќи на прашања на новинари, заедно со потпретседателот Мајк Пенс и претседателот Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп се среќава со конгресните лидери за да разговара за даночните кратења како дел од напорите да се обезбеди „значително олеснување“ за бизнисите и индивидуалците кои страдаат финансиски како резултат на ширењето на коронавирусот.

„Се осврнуваме врз луѓето кои се „платени на час“, кои не можат да си дозволат да не бидат платени, а за да можат да не дојдат на работа ако се болни, за да не мора компаниите да ги санкционираат“, изјави Трамп синоќа пред новинарите во Белата куќа.

Со падот на тргувањето на берзите поради стравувањата околу коронавирусот и војната околу цената на суровата нафта, Трамп се среќава со економските советници, вклучувајќи го и секретарот за финансии Стивен Мнучин, кому му презентираше опции за отстранување на итните закани по економијата.