Приведен оти со пиштол се заканувал на обезбедувањето

0
76

Приведен скопјанец кој се заканувал со пиштол. Имено, синоќа на булеварот ‘’Јане Сандански’’ во Скопје, полицијата го привела 27-годишниот Е.Р. од Скопје, бидејќи претходно со пиштол им се заканувал на двајца вработени од обезбедувањето во трговски центар во Скопје.

Од МВР соопштуваат дека лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.