Путин ја разбуди изгубената љубов на Ердоган кон НАТО

0
79

Рускиот претседател можеби го надмудри својот турски колега во Сирија, но попатно го уништи нивното пријателство. Внимателните калкулации на Владими Путин може да му се одбијат од глава, пишува Констатин Егерт.

На Владимир Путин му се брза. Тој сака колку што е можно побргу да објави победа во војната во Сирија. Кремљ го извади режимот на сирискиот лидер Башар ел Асад од, како што се чинеше, неизбежен пораз – по висока човечка цена. Единственета пречка која останува за Русија и нејзиниот сириски сојузник е провинцијата Идлиб која сѐ уште ја контролираат контра – Асад силите. Тоа ги пореметува другите планови на Путин.

Како прво тој мора да заврши еден многу важен домашен проект: изменување и дополнување на рускиот устав на национален референдум закажан за 22 април. Амандманите – на кои сѐ уште се работи, треба да осигураат дека тој ќе си ја задржи контролата врз политичкиот систем како и донесувањето на големите политички и персонални одлуки, и по завршувањето на неговиот четврти мандат во 2024 година. Неколку анкети покажуваат дека Русите не се многу оптимисти во однос на странските интервенции на Кремљ.