Рама: Многу го почитував Харадинај, но човекот премногу лаже

0
119

Според пишувањата на весникот „Газета експрес“, Рама во емисијата „Pressing“ на телевизијата Т7 рече дека го советувал Харадинај да ги прекине таксите од 100 проценти за српските производи, откако францускиот претседател Емануел Макрон вети визна либерализација за косовските граѓани.

„Сега немаше да имате визен режим ако Харадинај ги стопираше таксите … Но, тој не го разбира тоа. Тие ќе беа без виза повеќе од една година“, рече албанскиот премиер.

Според него, Харадинај го сторил сето ова заради гласовите. „Рамуш го жртвуваше Косово за своите гласови. Сепак, тој не победи на изборите“, рече Рама и додаде дека заради Харадинај „Косово го загуби меѓународниот углед“.