Регистрирани нови седум случаи на заразени со коронавирус, вкупно 42

0
75

Министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук профил синоќа објави дека од 38-те лица кои беа тестирани попладнево, позитивни на коронавирус се седум лица, три од Дебар и четири од Скопје. – Во рамките на процесот за ран скрининг на заболени од коронавирус кој започна во неколку општини, попладнево се направени 30 тестови со поширока индикација и дополнителни осум кои пристигнаа преку Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Од 38 тестирани, позитивни на коронавирус се седум лица, тројца од Дебар и четворица од Скопје, напиша Филипче.