Реџепи: Коалицијата со СДСМ ќе биде инспирација Албанците да излезат на избори

0
84

Ние секогаш се залагавме да има коалиција која ќе донесе промена, да донесе максимализација на потенцијалот на нашаите поддржувачи. Што се однесува до можноста за приклучување на други партии, сметам дека тие треба да одговорат. Мислам дека со оглед како се позиционирани тешко дека ќе има предизборна коалиција, рече во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Кастриот Реџепи, потпретседател на политичката партија БЕСА, околу можноста за приклучување на Алијансата на Албанците и Алтернатива во постоечката коалиција помеѓу СДСМ и БЕСА.

-Во првата фаза, нас не интересира да ги дефинираме принципите и програмските определби, а нај незначаен дела се позициите на пратеничките листи. Во моментов сè уште се синхронизира програмата и мислам дека кон крајов на неделава ќе има и конкретни работи околу позиционирањето. Но мислам дека во секој случај ќе имаме многу повеќе мандати отколку во некоја друга комбинација- вели Реџепи.