САД спроведоа „одбранбен воздушен напад“ во Авганистан

0
91

Соединетите Американски Држави спроведоа одбранбен воздушен напад против талибанските милитанти во јужната авганистанска провинција Хелманд. До нападот доаѓа откако претходно беше нападната контролна точка на авганистанските сили. Во серијата напади, пак, на Талибанците деновиве загинаа најмалку 20 авганистански војници.

Насилствата го поткопуваат и договорот кој Соединетите Американски Држави и Талибанците го потпишаа на 29 февруари во Доха, Катар. Со тој договор се предвидува распоред на повлекување на американските војници од Авганистан по повеќе од 18 години во замена за различни безбедносни обврски од бунтовниците и ветувања дека ќе водат разговори со владата во Кабул.