СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА ОФИЦИЈАЛНО ГИ ИЗБРАА НОСИТЕЛИТЕ НА КАНДИТАТСКИТЕ ЛИСТИ ВО ИЗБОРНИТЕ ЕДИНИЦИ

0
92

Социјалдемократскиот сојуз – СДСМ ги објави носителите на листите и кандидатите за пратеници на претстојните предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април. Очекувано, како носители односно на првото и второто место, покрај Зоран Заев и Радмила Шеќеринска кои тоа вчера го потврдија, се најдоа и Оливер Спасовски, Мила Царовска, Сања Лукаревска, Јован Митрески и Јагода Шахпаска. Кпалициските партнери на СДСМ го добија носителот на листата во шестата изборна единица а тоа најверојатно ќе биде Билал Касами.