Седумдесет милиони евра од ЕУ помош за државата за справување со коронавирусот

0
83

Ова го соопштија премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната прес-конференција во Владата.

– Се што требаше да биде преземено од македонската Влада е направено, во постојана комуникација сме. За неколку дена може да ја очекуваме и првичната помош. Активиран е делот од цивилната заштита. Значи сите активности што треба од страна на македонската Влада и ЕУ се преземаат се со цел заеднички успешно да се справиме со пандемијата, рече премиерот Сасовски одговорајќи на новинарско прашање за тоа дали е добиен одговор од Брисел на барањето на земјава да се испорачаат ветените 50 милиони евра за менаџирање со коронавирусот.

Вицепремиерот европски прашања Османи дополни дека на утринската координација со земјите од ЕУ, му било соопштено дека 70 милиони евра се мобилизирани за помош на РМ за справување со корона вирусот што ќе се активираат во различни фази за здравствениот систем, а потоа и за помош на економијата. Османи кажа дека тоа е потврда оти ЕУ не ни е партнер само на хартија.

Премиерот Спасовски прашан што се презема во однос на активностите за добивање хуманитарна помош, како другите од соседството, Спасовски одговори дека многу работи прави Владата и дека врши и сопствени набавки и обезбедува опрема.