Седум новозаболени од коронавирус во Хрватска

0
134

Во Хрватска се пријавени седум нови случаи на коронавирус, објави министерот за здравство Вили Берош на прес-конференција утрово. Сите новозаболени имаат лесни симптоми, а нивните контакти се проверуваат.

По договорот со министрите за внатрешни работи на соседните земји, намален е и граничниот сообраќај на граничните премини, информира хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ. Во моментов, конвој со полициска придружба со 68 камиони и два автобуси вози од хрватската граница во правец кон српската граница, а друга придружба на полицијата во правец на Стара Градишка со 45 камиони.

„Во моментот нема гужва на границата, конвои се организиран начин за преминување на границата“, изјави Божиновиќ.

Во Хрватска досега се потврдени 46 случаи на заболени.