Се враќа патничкиот воз на линијата Скопје – Приштина

0
83

Од 9-ти март (понеделник) се враќа во сообраќај патничкиот воз Скопје-Приштина и обратно.

Потсетуваме дека возот кој превезува патници од главниот град на Северна Македонија до главниот град на Косово, поради одредени технички проблеми не сообракјаше редовно, а со надминување на истите, повторно е во функција.

Возниот ред останува ист. Поаѓањето од Скопје ќе биде во 16:10 часот, додека возот се очекува да пристигне во Приштина во 19:10 часот.

Што се однесува до релацијата Приштина-Скопје, поаѓањето ќе биде во 07:10 часот, додека возот се очекува да пристигне во Скопје во 09:52 часот.