Се дезинфицира прес-центарот во Влада

0
83

По секое одржување на прес-конференција во центарот во Владата, тој се дезинфицира.

Од Владата објавија фотографија со која покажуваат дека се грижат за новинарите и министрите кои одржуваат прес-конференции со цел јавноста да биде навремено информирана за последните состојби со корона вирусот.

Претходно, министерот за здравство Венко Филипче сугерира и столчињата на кои седат новинарите да бидат одделени околу 1,5 метри, а потоа замолија да не доаѓаат и сниматели, затоа што конференциите се пренесуваат од владиниот канал.