Се заоструваат мерките против коронавирусот, локалите затворени по 18 часот, забрана за било какви собири

0
75

Ова се новите мерки што ги побара Комисијата за заразни болести за борба против ширење на коронавирусот. Мерките ќе бидат на сила до 24 март.

Но, не гледаме посебни мерки за заштита на новинарите на прес конференциите и судските рочишта.

Ова предизвика смеа кај новинарите, но се чини дека веднаш имаше влијание. Еден новинар одби да земе микрофон за да постави прашање.

Министерот Филипче препорача да се остане дома и да се гледаат филмови, а Регулаторната комисија за енергетика отиде и чекор понатаму. Побара да не се исклучува електричната енергија на домаќинствата во следните две недели дури и доколку ги немаат платено сметките.

Министерот во текот на прес конференцијата извести дека состојбата на тројцата повозрасни пациенти заразени со коронавирус е лесно влошена но дека се уште не се ставени на апарати за дишење.

Бројот на заразени останува ист, до сега изнесува 9 заразени со Ковид-19.