СЗО ги разби сите митови за коронавирусот: Пакет од Кина нема да ве зарази, лукот и антибиотикот нема да ви помогнат

0
98

Додека светот се подготвува за ширење на опасниот коронавирус, Светската здравствена организација направила список на митови за Ковид-19 и “ги разбила”.

Пример за еден од митовите е дека сушачите за раце се ефикасни во уништувањето на новиот коронавирус.

СЗО ова го негира и наведува дека сушачите за раце не се ефикасни во уништувањето на 2019-nCov. За да се заштитите од новиот коронавирус, треба често да ги чистите рацете со мокри марамчиња на база на алкохол или да ги миете со вода и сапун.

Кога рацете ви се чисти, темелно исушете ги со помош на хартија или топол воздушен сушач, советуваат од СЗО.

Дали со ултравиолетова лампа за дезинфекција може да се убие новиот коронавирус? СЗО одговара да УВ лампите не смеат да се користат за стерилизација на рацете или другите подрачја на кожата, бидејќи УВ зрачењето може да предизвика иритација на кожата. Се поставува и прашањето колку се ефикасни топлотните скенери во откривањето на луѓето заразени од новиот коронавирус.