Силен земјотрес ја потресе Грција: Тројца повредени во Парга

0
111

Голем број на стари куќи се оштетени или целосно срушени во познатото летувалиште и околните села, а исто така блокирани биле и патиштата откако карпи се срушиле врз нив.

Земјотресот со магнитуда од 5,6 степени се слулил во 2:49 часот утринава на длабочина од само 10 километри, а епицентарот бил на 14 километри североисточно од Парга. Во петокот во 23:38 часот на истото подрачје бил забележан земјотрес со јачина од 4,3 степени по Рихтеровата скала.