Словенија регистрира 45 новозаразени со коронаворусот, вкупно 141, критики за доцнење со мерките

0
103

Во Словенија, според најновите податоци, во петокот веќе има 141 потврден случај на заразени со новиот коронавирус, што е за 45 случаи повеќе отколку ден претходно, презентираа претставниците на словенечката влада и на националниот Институт за јавно здравство на прес-конференција.

„Од денеска се затвораат сите стоматолошки услуги, освен во седум амбуланти во цела Словенија“, изјави пред новинарите државната секретарка во министерството за здравство, Симона Репар Борншек.

Од петокот, како што истакна Борншек, се менува и начинот на тестирање на коронавирусот. Лицата кои имаат благи симптоми на заразата нема да се тестират, туку ќе останат во домашна изолација, а ќе бидат тестирани и ќе се хоспритализираат само сериозните случаи.

„За две седмици ја запираме државата, но нема место за паника“, рече Борншек и додаде дека сите треба да се придржуваат на правилата, а оние кои се болни да се воздржат од социјалните контакти и да останат дома.