Софи Грегори Трудо, сопругата на канадскиот премиер Џастин Трудо е позитивна на коронавирусот

0
103

Софи имала благи симптоми и се чувствува добро, а првите симптоми ги пријавила во средата. Соработничка на постојаната мисија на Филипини во обединетите нации се заразила со новиот коронавирус и дипломатската мисија е затворена.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов најави дека владата ќе побара од парламентот да прогласи вонредна состојба во државата поради ширењето на новиот коронавирус. Во таа земја, бројот на заболени нагло синоќа се зголеми од седум на 23, а едно лице почина.

Белгија синоќа воведе строги мерки за борба против ковид-19. Националниот совет за безбедност синоќа одлучи затворање на училиштата и универзитетите. Сите активности, спортски, културни, фолкорни како карневалите (чести во овој дел на годината), јавни или приватни, се откажуваат. Сите ресторани, кафеани, дискотеки исто така ќе бидат затворени. Исклучок се хотелите. Во Белгија вчера беа регистирани 399 заразени лица и три смртни случаи на постари лица.