Со нож се шетал низ Градски парк

0
90

Во неделата, во 16 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градскиот парк, при извршен преглед кај А.К.(32) од Скопје, пронашле нож.

Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.