Со пиштол се заканувал на вработени како обезбедување во трговски центар во Скопје

0
70

37-годишниот Е.Р. е приведен откако претходно со пиштол се заканувал на двајца вработени како обезбедување во трговски центар во Скопје.

-Вчера во 20.15 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Р.(27) од Скопје поради тоа што претходно со пиштол се заканувал и упатувал закани кон двајца вработени како обезбедување вотрговски центар во Скопје, велат од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.