СПАСОВСКИ: ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА НЕ ЗНАЧИ АВТОМАТСКИ ВОВЕДУВАЊЕ РЕСТРИКЦИИ НА СЛОБОДИТЕ И ДВИЖЕЊЕТО НА ГРАЃАНИТЕ

0
87

Македонија на чекор на вонредна состојба. Ситуацијата е вонредна и потребно е вонредно да се реагира – со ова образложение Владата побара прогласување на вонредна состојба. Премиерот Оливер Спасовски потенцираше дека Мерките мора да се надополнат, заострат и радикализираат за да се спречи уште поголем пик на коронавирусот за кратко време. Според него токму вонредна сосотојба е одговорот на заканаат.

„Ова е за првпат во историјата, и оваа мерка е една од најтешките одлуки кои што ги донела која било влада од постоењето до денес. Ништо веќе не е исто. Животот радикално се промени како кај нас, така и во светот, секој од нас да се прилагоди и да преземе крајно одговорно однесување. Секој граѓанин е повикан во оваа битка.“ – вели Спасовски.

Што ова ќе значи за функционирањето на иснтитуциите. Според македонскиот Устав – во вонредна сосотоба, доколку собранието не може да се свика владата ги превзема ингеренциите на собранието – односно носи уредби кои имаат сила на закон.