Спасовски: Исправени сме пред овој предизвик, ќе ја совладаме оваа состојба на најдобар можен начин

0
76

Техничкиот премиер Оливер Спасовски рече дека Владата е подготовена да ги користи сите ресурси за да се справи со овој предизвик.

„Денеска неколку часа по прогласување на вонредна состојба, одлуката која по предлог на владата ја донесе претседателот, ние сме сплотени и стоиме исправени пред овој предизвик. Оваа одлука е вистинската мерка, која ќе помогне за грижата на јавното здравје и грижата на граѓаните. Како влада ги превземаме сите мерки.

Одлуките кои ги носиме се во насока колку помалку штети во економијата и стопанството. Имаат за цел да обезбедат одржливост на работата на компаниите, и да се задржат работните места и животниот стандард. Ваквите одлуки сега ќе може полесно да се носат, нормално во комуникација со сите субјекти.

Ќе ја совладаме оваа состојба на најдобар можен начин, користејќи ги сите ресурси. Затоа е потребно да се однесуваме одговорно, почитувајќи ги мерките и препораките. Во услови на вонредна состојба, ќе покажеме дека дисциплинирано, сериозност секој од нас и сите граѓани, секој одделно сме посветени на исполнување на своите обврски за општо добро, и доброто на нашите деца.“, рече Спасовски.

Извор Тв21