Спасовски: Секој кој ќе излезе од државата ќе мора да потпише изјава дека нема да се врати во земјата тримесеци

0
77

Владата апелира да не се патува без итна потреба. На седница е донесен заклучок секој што сака да оди во странство да потпише документ дека нема да бара да се врати во рок од три месеци. Сите прописи што ќе бидат донесени при вонредна состојба ќе имаат третман на закони, согласно уставните начела.

Претседателот на Владата Оливер Спасовски истакна дека вонредна состојба е една од најтешките кои ги донела владата, но и дека е нужна одлука која не ја посакувале.

„Апелирам до граѓаните на трезвеност и смиреност. И залихи на храна и залихи на горива и се што е потребно постои. За мерките кои ќе бидат ограничувања, дополнително ќе соопштиме. Редовно ќе информираме се што ќе носиме како одлука и кои ограничувања ќе ги даваме. Сите институции многу поефикасно ќе може да се вклучат. Ова не значи веднаш да ги преполнуваме маркетите и да купуваме, залихи има и во маркетите и државата, транспортот се одвива непречено. Сето тоа ќе го обезбедиме како држава, апелирам само да се почитуваат мерките на владата“, рече Спасовски.