Србија ќе го зголемува времетраењето на полицискиот час – Вучиќ не исклучува тој да трае и по 24 часа

0
101

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе и предложи на владата да се продолжи полицискиот час од 17 часот до 5 часот наутро, откако како што рече, денеска бил најтешкиот ден за Србија во однос на зголемувањето на бројот на заболени.

„Луѓе, разбирате ли што се случува? Не го зборувам ова заради политика. Ве молам не излегувајте од дома. Ако луѓето не останат дома, од понеделник може полицискиот час да биде од 13 часот, а после тоа може и 24 часа да трае“, рече Вучиќ.

Во моментов во Србија има 11 лица на респираторни машини и едно лице починато, па затоа тој ќе предложува построги мерки, вклучувајќи го и полицискиот час кој ќе трае 12  часа.

Извор локално