Стотици хрватски работници заради коронавирусот не можат на работа во Словенија

0
112

Словенечката покраина Долењска, каде работат многу хрватски работници, од синоќа е подрачје со изразито висок ризик од ширење на коронавирусот, така што тие денеска по враќањето од работа во Хрватска ќе бидат ставени под епидемиолошки надзор со двонеделен карантин, соопшти карловачкиот жупански штаб на Цивилната заштита.

Жуман Дамир Јелиќ вчера на новинарите им кажа дека неколку стотици хрватски работници, кои работат во словенечките фирми, најмногу во „Ревоз“ во Ново Место, по враќањето во Хрватска мораат да влезат во двонеделен карантин и нема да можат да одат на работа, пренесе Хина.

Тој нагласи дека сега не треба да се размислува за долгорочниот економски ефект, иако е јасно дека во оваа тешка ситуација дел од работниците стравува за здравјето на своите семејства, дел од загубата на работа и дека во нив има голем конфликт.