Судењето за „Рекет“ продолжува со нови сведоци на одбраната

0
70

Уште двајца сведоци предложени од одбраната на Бојан Јовановски – Боки 13 треба да сведочат на денешното судско рочиште за случајот „Рекет”.

Одбраната на Јовановски има девет сведоци, а поранешната шефица на СЈО Катица Јанева предложила 13 сведоци, меѓу кои се има обвинители што работеа во СЈО.

Одбраната вчера ги повлече од листата на сведоци бизнисменот и поранешен градоначалник на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, синот на осомничениот бизнисмен во „Империја“, Цветан Панделевски, Дејан, и сопругот на пратеничката Фросина Ременски, Јовче.