СУДСКО РОЧИШТЕ ЗА „МОНСТРУМ“

0
74

Политичките калкулации за Монструм останаа само во бомбите. Функционерите од ДУИ, Муса Џафери и Блерим Беџети денеска во судницата не се сеќаваа на детали и негираа дека политички влијаеле на судскиот процес.

Во една од бомбите со Гордана Јанкулоска, Беџети сугерира да не се одржува рочиште за Монструм пред избори. Тој во 2012-та го раководеше министерството за правда вели дека дејствувале во насока на смирување на тензиите по петкратното убиство.

„Ако се впуштите само на еден разговор, ќе добиете различни впечатоци. Ако го имате целиот контекст ќе добиете друга слика. Ние и ден денес бараме расчистување на случајот. Не е само заради изборите. Но имаше еден медиумски притисок за кој сметав дека не е коректно“. – Блерим Беџети.