Тачи го покани Курти на средба, му понуди да бира термин

0
150

Косовскиот претседател Хашим Тачи го покани премиерот Албин Курти на средба, во еден од термините кои ќе му одговараат во текот на денешниот ден, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што објавија претпладнево косовските медиуми, Тачи му понуди на Курти да се сретнат во 10, 11, или 12 часот.

Претседателот завчера ги покани на одделни средби лидерите на парламентарните партии на Албанците во Косово, со цел координација за прашањата од национален интерес, меѓутоа Курти ја одби поканата, порачувајќи дека нема интерес да се сретне со Тачи како лидер на партијата Движење Самоопределување (ВВ), туку само како премиер.