Тачи за средбата со Курти: Ова беше неопходен состанок за доброто за земјата и граѓаните

0
120

Втората средба на претседателот и премиерот на Косово, Хашим Тачи и Албин Курти, е завршен по речиси два часа.

Тачи по состанокот на новинарите им соопшти дека, меѓу другото, разговарале и за продолжување на дијалогот со Белград, без да прецизира детали.

Рече и дека во разговорот е искажано разбирање и потреба за заедничка работа на политичките лидери и иституции за доброто на Приштина, и додаде дека е констатирано оти меѓу двајцата има повеќе работи кои ги зближуваат околку што ги раздвојуваат.

Оцени дека состанокот со Курти бил продолжување на разговорите со другите политички лидери на парламентарните партии, кој беше одржан во понеделникот.

– Тоа беше неопходен состанок за доброто на земјата и граѓаните, сегашноста и иднината – рече Тачи.