Тетово без вода поради дефект во напојувањето со струја

0
82

Дефектот во електродистрибутивната мрежа се случил во четири часот изутринава.

– Како резултат од дефектот на електричниот систем кај филтер станицата и новиот водснабдителен систем имаме намалување на количината на вода во градот. Екипите на ЕВН преземале интензивни оперативни мерки за санирање на дефектот, во текот на денот истиот ќе биде отстранет, информираат од Јавното комунално претријатие Тетово.

Со оглед дека нема вода од новиот водоснабдителен систем, преполовена е количината вода за пиење во Тетово.

– Старата водоводната мрежа има 165 литри вода во секунда што не е доволно за снабдување во градот за кое е потребно 320 литри. Кога ќе се нормализира напојувањето со електрична енергија ќе се вклучат 150 литри вода во секунда, информираат од ЈКП Тетово.

Граѓаните на профилот на претпријатието на социјалните мрежи реагираат и пишуваат дека недостигот од вода сега претставува опасност кога е потребно да се одржува повисока хигиена поради коронавирусот. /МИА