Тимоние: Извештајот на ЕК и новата методологија се охрабрувачка основа за старт на преговорите

0
90

Претседателот на Владата на Република Македонија Оливер Спасовски денеска го прими амбасадорот на Република Франција во нашата земја Кристијан Тимоние.

На честитките за позитивниот мини извештај на Европската Комисија за значителниот напредок на нашата земја, премиерот Спасовски на средбата истакна дека извештајот завршува со уште една препорака за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, и дека тоа е резултат на посветената работа и во периодот на актуелната Влада, во кој се затворија неколку важни реформски прашања, меѓу кои и пакетот закони за правосудството.

Претседателот на Владата Оливер Спасовски изрази благодарност до сите што учествуваа во процесот за да се остварат постигнувањата констатирани во извештајот на Европската Комисија, особено до земјите членки на ЕУ и пријатели на Северна Македонија кои го охрабруваат мерит системот во оценките за напредокот на земјите кандидати за членство во ЕУ.