Томовски прашува дали Заев има ветено прием на мигранти во југоисточниот дел на Македонија

0
67

Дали случувањата во регионот поврзани со мигрантскиот бран од Турција и потезите што ги влечат лидерите на балканските земји навестуваат дека голем број мигранти ќе останат на македонска територија. Во таа насока, за Македонија треба да биде алармантно тоа што и официјално, српскиот претседател Александар Вучиќ веќе најави затворање на границите со Македонија во случај на ширење на мигрантскиот бран кон неговата земја. На тоа се додава и инсистирањето на Турција да не дозволи враќање на десетиците илјади мигранти што веќе ја напуштиле земјата, а Турците тоа планираат да го осигураат со распределба на околу 1.000 полициски специјалци долж грчко-турската граница, што, пак, од своја страна ја става Грција во незавидна позиција, односно во моментов токму Грците се најдиректно засегнати од мигрантскиот проблем.

Нашиот јужен сосед секојдневно се соочува со по неколку илјади обиди за нелегален влез во земјата, а проценките се дека неколку десетици илјади мигранти се на грчките граници во обид да ги минат. Грчките безбедносни сили засега некако успеваат да го забават мирантскиот наплив, но дел од мерките во справувањето со мигрантите што се фатени по нивниот нелегален влез во земјата е тие да бидат префрлени во привремени кампови каде што ќе бидат сместени пред да бидат депортирани.

Вучиќ ја затвора границата со Македонија, Мицотакис ја отвора границата према Македонија!Во превод Заев со време се спремаше за прием на мигранти во југоисточниот дел на Македонија! – Вие добро знаете што значи тоа!!!Што ли уште ветил Заев за да дојде на власт во 2016 та?!Што ли допрва ветува за да остане и во 2020 та?!Затоа почитувани граѓани на Македонија, треба да го казниме господинот Заев на 12.04.2020год., единствена политичка опција која може да му се спротивстави е Вмро Дпмне, затоа е време да се сплотиме и обединиме кон Вмро!Секој глас даден за помала политичка партија е глас за Заев, секој бојкотиран глас е глас за Заев и секое казнување на Вмро Дпмне за грешки во минатото е глас за Заев!Јас верувам и сум убеден дека Македонскиот народ е мудар народ и на 12.04.2020год. Ќе го даде гласот за #ОбноваНаМакедонија – напиша Томовски на Фејсбук.