Трагедија во кумановско: Почина маж, паднал во длабока дупка и бил потрупан од земја

0
85

На 21.03.2020 во 14:30 часот во атар на с.Отља-кумановско, во месноста викана „Краиште“, додека А.С.(70) од с.Отља, работел на санација на резервоар за вода што го користел за сопствени потреби, влегол во ископот длабок околу четири метри, при што бил затрупан од одрон од земја и починал.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Куманово.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.