Трамп прогласи вонредна состојба во САД

0
87

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи во петокот вонредна состојба во земјата поради пандемијата од новиот сој коронавирус Covid-19, што ѝ овозможува на сојузната влада да деблокира средства резервирани за случаи на катастрофи.

„За да ѝ дадеме на сојузната влада полни овластувања… официјално прогласувам вонредна состојба на национално ниво“, изјави Трамп од Белата куќа.

Американскиот претседател истакна дека оваа мерка ќе овозможи пристап до 50 милијарди долари, средства за одговор на коронавирусот и ќе овозможе да се пренабрегнат правилата врзани со здравствената грижа.

Трамп истовремено побара од секоја сојузна држава да воспостават кризни центри, а до болнците да донесат планови за итни ситуации.