Трамп се тестирал од коронавирус

0
94

Трамп бил во друштво со двајцата републиканци минатата недела кои се во самоизолација затоа што биле во контакт со луѓе кои биле позитивни на коронавирус. Со оглед на тоа што Трамп има 73 години и влегува во групата под висок ризик, тој веќе неколку дена е под притисок да го направи тестирањето.

Неговиот лекар и порача на јавноста дека тоа не е неопходно затоа што Трамп не бил во контакт со потенцијално заразените долго време, но американскиот претседател призна дека тестот е направен благодарение на притисокот од јавноста и медиумите.

Инаку, портпаролот на Белата куќа, Џуд Деер, истакна дека секој што ќе стапи во контакт со претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс, ќе биде тестиран за коронавирус.

Пред денешното соопштение за печатот, еден од лекарите во Белата куќа им ја измерил температурата на секој од новинарите.