ТУРЦИЈА ИСПРАЌА СПЕЦИЈАЛЦИ НА ГРАНИЦАТА СО ГРЦИЈА: НЕ ДОЗВОЛУВА ВРАЌАЊЕ НА МИГРАНТИТЕ

0
72

Илјадници мигранти и натаму се заглавени во тампон-зоната на грчко турската граница, откако Анкара им дозволи на мигрантите и на бегалците да стигнат до Европа. Грчката полиција спречила 7 илјади мигранти да влезат на нејзина територија, а уапсила 24 лица од Авганистан и Пакистан. Сите оние кои нелегално влегле во Грција и немаат профил на бегалци, ќе бидат сместени во касарна во близина на Серес, за веднаш да се депортираат во земјата на нивното потекло. Ова е планот на грчката влада и според министерот за миграција и азил, од 1 март, во рок од еден месец никој да не може да достави барање за азил.

„Во прашање се денови за почеток на работата на затворениот центар во касарната Василиади во Серес, каде што ќе бидат пренесени оние што влегоа од 1 март 2020. Од тогаш постои суспензијата на азил со законскиот акт на владата. Сметаме дека овие лице влегоа нелегално во земјата, помогнати од соседот и не одговараат на бегалскиот профил на индивидуален обид да побегнат од опасност“. – Нотис Митаракис – министер за миграција и азил на Грциа.