Филипче:Епидемијата е во силен ек, со корона вирус заболени уште три лица, вкупно 26

0
71

Позитивни се тестовите на тројца пациенти кои се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“, а за нив Институтот за јавно здравје направи контролни тестови, со кои се потврдени претходниот резултати.

Како што информира министерот за здравство Венко Филипче досега се потврдени вкупно 26 лица заполени од корона вирусот.Состојбата на сите останати пациенти кои што се хоспитализирани е стабилна. Се тестираат уште 10 лица кои биле со контакт со овие ново заболени лица од Скопје, двајца од нив се сопружници кои биле на пат во Бугарија.

До крајот на неделата треба да стигнат 200 аспиратори од Кина и значителна бројка и маски.

Претходно кај уште пет лица од кои што четири од Дебар и една 54-годишна Скопјанка е потврдено присуство на коронавирусот. Со овие пет лица вкупниот број заболени од коронавирус во моментов во државава изнесува 26, од кои 9 се во Дебар, а 17 во Скопје.

Над двесте луѓе се во домашна изолација, Филипче повторува сите да ги почитуваат мерките и без побреба граѓаните да не се движат и да не се групираат. Во маркети и аптеки помалку да се задржуваат.