Филипче: Агенцијата за лекови – МАЛМЕД ja одобри комбинацијата на терапија за пациентите заболени од коронавирусот, од утре ќе биде аплицирана на пациентите со коронавирус по индикација од лекар

0
89

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше дека на состанокот во Агенцијата за лекови – МАЛМЕД беше одобрена комбинацијата на терапија за пациентите заболени од коронавирусот.

„Комбинацијата којашто ја содржи лекот хлоркинин и азитромицин, кој се покажа ефективен во повеќе земји, веќе од утрешниот ден ќе биде аплицирана на пациентите коишто се лекуваат кај нас и во болничките и домашни услови после соодветна индикација од лекарот – заради тоа што е потребна прво проценка на клиничката состојба поради тоа што се дава кај одредена група, не кај сите пациенти”, потенцираше министерот Филипче.

На прес-конференцијата, министерот Филипче рече дека во изминативе 24 часа регистрирани се 12 нови случаи на коронавирус во земјава. Седум во Скопје и пет во Куманово. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани со коронавирусот до денеска до 12 часот изнесува 148 лица од кои едно е излекувано и 2 се починати.

Според местото на живеење, досега случаи со Ковид-19 се регистрирани 88 во Скопје, 40 во Дебар, од коишто 1 лице е починато, Куманово 8, од коишто 1 лице е починато, Штип 7, Кавадарци 2, Охрид 2 и Гостивар 1 пациент.