Филипче: Бројот на пациентите заразени со коронавирус е во пораст, вкупно 48 заболени

0
82

Денеска до 16 часот се регистрирани 6 нови случаи заразени со коронавирус, што значи дека вкупната бројка сега во земјава е 48. Во Штип за првпат во земјава е дијагностициран вирусот на 4-годишно девојче коешто се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјава на 14 март и било во домашна изолација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почувствувало симптомите. На инфективно девојчето е сместено со мајката. Во Дебар се 3 нови случаи сите се избрани со пошироката индикација. Во Скопје е потврден случај лице којшто имло контакт со еден од претходните случаи во изминативе два дена, кажа министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

„Уште еден случај е потврден во Гостивар, жена којашто е вратена од Швајцарија. Била во домашна изолација се најавила сама на тестирање и навела дека имала контакт со заболен. Контактирани се сите членови на нејзиното семејство.

Во овој момент се тестираат дополнителми 35 лица.

Сите пациенти се стабилни, со непроменета клиничка слика. Пациентката којашто е на респираторна машина нема знаци за влошување на состојбата. Денеска е направена домашна визита кај сите коишто се на домашно лекување.