Филипче: Една пациентка на респиратор, шест пациенти со потешка клиничка слика

0
85

Министерот за здравство, Венко Филипче на денеска на прес – конференција денеска потврди дека во изминативе 24 часа, до 12 часот има 12 нови случаи на корона вирус, седум од заразените се од Скопје, а пет од Куманово.

Со ова вкупната бројка на заразени од корона вирус во земјава се искачи на 148 лица, едно лице е излекувано, а две починати. Најмногу заразени има во Скопје, 88 лица, 40 во Дебар, во Куманово осум, во Охрид, Штип и Гостивар.

Дваесет и девет пациенти се лекуваат на Клиниката за инфективни болести, а таму една пациентка е на респираторни апарати, а шест пациенти се со потешка клиничка слика, кажа Филипче.

Најави дека од денеска ќе почне новото тестирање на пациентите кои беа во контакт со директорката на кожната клиника, но поради големиот број тестирањето ќе се врши во неколку циклуси.