Филипче: Нови две лица позитивни на коронавирусот

0
71

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната втора прес-конференција за медиумите ги изнесе резултатите од тестирањата за коронавирус на 12-те пациенти.

-Од сите испитани денеска двајца се позитивни на вирусот, тоа се двајца луѓе од Дебар кои биле во непосреден контакт со заразените од Дебар, другите лица кои живеат со нив се негативни, но ќе бидат на домашно лекување, тие нема да бидат хиспитализирани- рече Филипче.

За дополнителните мерките кои ги донесе Владата, информираше Филипче, дека зравствените работниците нема да можат да користат годишен одмор.