Филипче: Ослободување од работа на самохрани родители и еден родител од оние кои работат во ист сектор

0
71

Во врска со препораките кои вчера беа соопштени на јавноста,на денешната прењс конференција министерот Венко Филипче рече дека отсуството кон работодавецот работникот го регулира со потврда издадена од градинка односно училиштето на име на родителот со назнака за времето во кое истата важи со цел да се оправда отсуството.

– Во однос на прекинот на работата на дневните центри за згрижување на лица со попреченост, ослободувањето од работните активности на родителот на лице со попреченост е проширено и на овие лица кои се на возраст до 26 години, значи оваа мерка важи и за родителите на лица и деца кои се сместени и користат услуга во центрите за попреченост. Исто како и за родителите на децата од градинка или од училиште ќе треба да се даде потврда дека се корисници на таа услуга, рече Филипче.

Се наметна, посочи, прашањето за двајца родители кои работат во ист сектор, а оваа препорака не важи за секторот здравство, полиција, војска, пожарна, а денеска на седница на Влада ќе ја дискутираме и Царинската управа.

– Значи доколку двајцата родители работат во рамките на ист сектор, ќе треба едниот да биде ослободен од работа и самохраните родители треба да бидат ослободени од работа. Се наметна прашањето дали овие мерки со оглед на тоа што се препораки освен за државните важат и за приватните компании. Напоменувам овие мерки важат за сите и непочитувањето ќе биде санкционирано и казнето согласно членот 205 и 206 од Казнениот закон за опасност од ширење заразна болест, истакна Филипче.