Филипче: 70 заболени со коронавирус, во просек се на околу 40 годишна возраст

0
93

Сите случаи потекнуваат од Дебар, Скопје, Гостивар, Штип и Охрид, а се на просечна возраст од 40 години. Утринава беше соопштено за 17 нови пациенти до 10 часот, но во меѓувреме беа направени и нови тестови.

Министерот Венко Филипче информира дека лабораторијата од Институтот и приватната од „Жан Митрев“ се спојуваат, бидејќи практиката покажала дека и таму тестовите се веродостојни. Најави и отворање два пункта, во Чаир и Јане Сандански, каде од понеделник ќе може сомнителните лица да се тестираат.

Сите пациенти се лекуваат симптоматски и со антибиотици, додаде Филипче, но не ја отфрли можноста да се користат и лекови против маларија, доколку нивната ефикасност ја потврди Фармацевтскиот факултет.

Тој нагласи дека двајца од заболените заздравуваат, а на пациентката приклучена на респираторна машина состојбата и е критична. Министерот истакна и дека најавената набавка на нови машини од Бразил, за потребите на јавното здравство ќе се пролонгира.

Досегашната светска практика покажала дека за 1000 пациенти ќе се неопходни 50 респираторни машини.