Фронтекс испраќа засилување на грчко-турската граница

0
118

Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) денеска соопшти дека распоредила засилување и оти е кренато нивото на тревога на грчко-турската граница, додека илјадници мигранти се собираат на границата на Грција.

„Од Грција добивме барање за дополнителна помош. Презедовме чекори за распоредување дополнителна техничка опрема и агенти во Грција“, се вели во соопштението на портпаролот на Фронтекс во Брисел.

Фронтекс, како што се посочува, го подигнал степенот на предупредување за сите граници кон Турција.