ФФИ потврди: Доколку фудбалер се зарази со коронавирус, ќе го прекинеме првенството

0
74

Првиот човек на Фудбалската федереција на Италија, Габриеле Гравина потврди дека сосема реално сценарио е сезоната во Серија А да биде суспендирана доколку фудбалер се зарази со коронавирусот.

Фудбалот во Италија до 3. април ќе се игра без публика, а медиумите шпекулираат дека се мисли и на најцрно сценарио, односно првенството да биде прекинато. Ова ќе се случи под услов фудбалер да се зарази со коронавирусот.

„Во случај фудбалер од Серија А да биде позитивен на коронавирус, во предвид ќе ја земеме идејата сезоната да биде суспендирана. Да бидеме реални, ризикот е вистински. Ќе ги превземеме сите мерки, на прво место ни е здравјето на спортистите, потоа ќе мисли какво ќе биде влијанието на спортскиот аспект и натпреварувањето. Во моментов не отфрламе ништо“ – вели Габриеле Гравина.