Чулев: Бројката за решенија за самоизолација порасна на 8.709 лица

0
86

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во своето гостување во телевизија Телма истакна дека полицијата има тешка задача со оглед на тоа што е вклучена во контрола на лицата кои што имаат решенија за самоизолација. Бројката изминативе денови на лица кои се во самоизолација е порасната на 8709 истакна тој.

-Министерството за внатрешни работи е вклучено и во контрола на лицата кои што имаат решенија за самоизолација. Во моментов решенија за изолација имаа 1105 на територија на цела држава додека бројката за решенија за самоизолација порасна на 8709. Она е голема бројка и таа бројка расте. Посебно расте на територија на град Скопје, што е нормално, Скопје е најголем град и има најмногу случаи во моментов. И можам да кажам дека досега е утврдено непочитување на 87 лица на овие мерки за самоизолација и изолација и се поднесени 113 кривични пријави од кој што 19 по член 205 и 95 по член 206, вели Чулев.