Чулев дава дозвола, ама Филипче ќе одлучи: Натпреварот Македонија-Косово да се игра со публика или не?

0
84

Иако ризикот е голем, техничкиот министер за внатрешни работи смета дека натпреварот Македонија-Косово може да се игра со публика.

Сепак, како што кажа Чулев за ова последен збор ќе има министерот за здравство Венко Филипче бидејќи има опасност од корона вирусот поради што и препораките на надлежните се јавни собири да се избегнуваат.

Чулев информира дека се работи превентивно и контактираат со навивачките групи а се преземаат и сите мерки на безбедносно ниво така што вели дека не гледа причини зошто фудбалскиот дуел без да се одигра без публика.